Четири напитоци кои го зајакнуваат имунитетот и го продолжуваат животот, според нутриционист

Во потрага за подолг, поздрав живот, нашиот имунолошки систем игра клучна улога, а еден од најдобрите начини да го зајакнеме имунитетот е да ја промениме исхраната. Одбранбениот механизам на нашето тело против патогени и болести бара поддршка и исхрана за да функционира оптимално. За среќа, постојат многу здрави намирници кои можеме да ги додадеме во нашата исхрана за да го направиме токму тоа.

Нутриционистката Крутика Нанавати открива четири напитоци за зајакнување на имунитетот кои исто така придонесуваат за општата благосостојба и потенцијално го продолжуваат нашиот живот.

Зелен чај

Зелениот чај не е само вкусен и благо кофеински пијалак, туку носи и бројни здравствени придобивки.

„Зелениот чај е преполн со антиоксиданти, особено епигалокатехин галат (EGCG), за кој е докажано дека ја подобрува функцијата на имунитетот“, вели нутриционистката за „SheFinds“. Овие антиоксиданти се борат против воспалението, ги штитат клетките од оштетување и го зајакнуваат имунолошкиот систем.

Сокови од цитрусно овошје

Цитрусните овошја како што се портокалот, грејпфрутот, лимонот и лиметата содржат доволно витамин Ц, хранлива материја од суштинско значење за спречување на инфекции. Нанавати нагласува: „Витаминот Ц игра клучна улога во поддршката на различните клеточни функции на имунолошкиот систем и го стимулира производството на бели крвни зрнца, неопходни за борба против инфекциите“.

Со додавање на витамин Ц во нашата исхрана преку овие вкусни сокови, можеме да му помогнеме на телото да напредува најдобро што може, што потенцијално поттикнува и долговечност.

Чај од ѓумбир

Ѓумбирот има долга историја на медицинска употреба, особено поради неговите антиинфламаторни својства.

„Џинџеролот, биоактивна супстанца во ѓумбирот, може да помогне да се намали ризикот од инфекции со инхибиција на растот на разни бактерии и можни антивирусни ефекти“, објаснува нутриционистката. Со консумирање на овој вкусен чај го одржуваме телото здраво.

 Смути со бобинки

Бобинките, како што се боровинките, јагодите и малините, се преполни со здравствени придобивки. Тие нудат голема количина на антиоксиданти, особено флавоноиди, кои се неопходни за имунолошка одбрана.

„Редовното консумирање на бобинки може да ја подобри функцијата на имунолошкиот систем, да го намали воспалението и да нè заштити од оксидативен стрес“, заклучува Нанавати. /Точка/

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави