Search
Search

ЦУК: Вчера 10 пожари на отворено, сите се изгаснати

Во текот на вчерашниот ден, противпожарните тимови интервенирале на 10 пожари на отворен простор и сите се изгаснати, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.

При вчерашните 10 пожари, гореле сува трева, ниска вегетација, деградирана, а и мешана и борова шума, лозја, овоштарници, капини, депонии, отпадоци.

Во Скопје, пожарникарите гаснеле запалено ѓубриште кај спортската сала „Борис Трајковски“. Во гаснењето на пожарот интервенирале со две противпожарни возила и пет пожарникари. Зафатена била површина од 1.500 м2.

АКТУЕЛНО