Search
Search

ЦУК: Вчера пожарникарите и пилотите гаснеа 39 пожари, само еден се уште е активен

Во текот на вчерашниот ден, противпожарните тимови интервенирале на 39 пожари вкупно на отворен простор и 38 изгаснале, некаде заеднички – здружени од повеќе општини, а и со помош од месните жители, како и со воздухопловна поддршка од ДЗС и МВР, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), добиени од институциите на Системот за управување со кризи (СУК).

Утрово активен се уште е еден пожар, во Општина Македонски Брод, во пределот над с.Белица, каде што гори ретка борова шума на тешко пристапен терен.

При вчерашните 39 пожари, на територијата на целата држава, гореле сува трева, ниска вегетација, деградирана, а и мешана и квалитетна борова шума, лозја, овоштарници, капини, депонии, отпадоци и слично.

Еден од посериозните пожари на отворено беше меѓу Лозово, Велес и Свети Николе, заради што, уште вчера рано утрото, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, ангажираше и воздухоплови, при координацијата на барање на градоначалникот на Лозово.

АКТУЕЛНО