Search
Search

Дали знаете каде сообраќа наjбавниот воз во Европа?

Патувањето со воз е голем тренд во последните години. За многу патници, тоа не е само превозно средство, начин да се стигне од точката А до точката Б, туку посебно искуство кое често станува најубавиот дел од патувањето, пишува „Пункуфер“.

Бројните панорамски железнички рути водат низ неверојатни пејзажи, недопрена природа, обезбедуваат незаборавни глетки, внесуваат допир на романтика и аватуризам во самото патување. Но, дали некогаш сте се запрашале кој е најбавниот воз во Европа?

„Глечер Експрес“ во Швајцарија се гордее со тој назив, а неговата просечна брзина е само 36 километри на час.

Овој самопрогласен „најбавен воз во светот“ ги поврзува популарните швајцарски дестинации – Цермат и Санкт Мориц. Како и многу швајцарски возови, „Глечер Експрес“ сообраќа непречено, и покрај карпестата планинска рута.

 

Фото: McPhoto/Protze / Alamy / Alamy / Profimedia

Преминува 291 мост и поминува низ 91 тунел. Во текот на целата година се искачува до превојот Обералп, кој се наоѓа на 2.044 метри надморска височина. Многумина велат дека железницата е инженерско чудо, а и внатрешноста на возот е подеднакво импресивна, каде патниците можат да уживаат во менито кое нуди храна, закуски, убаво вино и попладневен чај, додека ве воодушевува погледот кон алпската дивина.

Една од почетните/крајните точки на „Глечер Експре“, Санкт Мориц е вистински рај за сите оние кои практикуваат зимски спортови. Но, ако не сте заинтересирани за скијање или сноуборд, наместо тоа, можете да се одлучите за планинарење, планински велосипедизам или дури и пешачење. За оние кои не се баш љубители на активностите и адреналинот, Санкт Мориц има голем број продавници, големи хотели и навистина сé што ви треба за да се опуштите со стил.

Патничката линија на „Глечер експрес“ се протега помеѓу Санкт Мориц и Цермат, но не мора да го започнете своето патување на тие станици. За многу патници, градот Хур е одлична почетна точка. Често се нарекува најстариот град во Швајцарија, со археолошки локалитети кои датираат илјадници години. Необичниот град без автомобили е добро сочуван и одлично место за прошетка. Овде ќе ја најдете најголемата концентрација на ресторани и барови во земјата и најголемиот трговски центар помеѓу Цирих и Милано.

Фото: Flickr

Цермат, втората главна почетна/крајна точка на „Глечер Експрес“, е високо рангирана меѓу најдобрите швајцарски одморалишта. Покрај одличното скијање, планинарење и пешачење, тука можете да го видите и Матерхорн – митска планина што е желба на секој вистински алпинист. Она што е посебно за овој град е што тука се забранети автомобили, а поради неговата близина до Италија, градот има изразен космополитски дух.

Од прекрасни дрвени куќи, шармантни кафулиња до луксузни продавници – овој скриен рај сместен длабоко во срцето на швајцарските Алпи ќе ве воодушеви и ќе ве натера да се враќате повторно и повторно, во различни периоди од годината.

АКТУЕЛНО