Хуманитарни акции во кои се собираат средства за помош на Леонид Индов и неговото опоравување и лечење се организираат низ 23 основни и средни скопски училишта. Ова не се први акции од учениците за Леонид. Тие веќе одржаа неколку базари со рачни изработки. Како што велат, нема ни да се последни.

Во моментот активни се и телефонски броеви преку кои јавноста може да донира, како и жиро сметка за донации и Go fund me страница за донации од странство:

По несреќата на летување во Грција, кога во јули 2023 година го повреди третиот, четвртиот и петтиот пршлен, осумнаесетгодишното момче прво се лекуваше во Македонија. Тој дише на респиратор и не може да ги движи екстремитетите, па откако можностите за лекување и во јавното и во приватното здравство во Македонија се исцрпиле, неговите родители се консултираа и странски лекари за тоа кои се најдобрите чекори кон заздравување. На 5 јанури на сопствен трошок доктор од виенската билница го посетил Леонид и дал позитивна прогноза.