Демири за затворените хируршките сали: Имаше хаварија која доведе до оштетување, 30 години е стара компресорската станица

-Негде пред 30 години се градени тие хируршки сали, и поставена таа инсталација за снабдување со кислород и компримиран воздух. Значи скоро 30 години е компресорската станица. Месец дена од ден денешен имаше хаварија во компресорската станица кога се расипа еден од компресорите и доведе до оштетување, влегување на улје во тие цевки, по што тој компресор е прекратен од функција. Беа 3 компресори, почна клиниката да функционира со 2 компресори, ги издувавме комплетно цевките, поминаа технички преглед од две независни институции“, вели Министерот за здравство Илир Демири денеска на прес конференција како објаснување што се случува на Клиничкиот центар со хируршките сали.

Тој додава дека на сметка на квалитетно испорачување на компримиран воздух го прекратиле од функција хиперичната комора која е дел од Пластична хирургија.

„Побарав итно од менаџерите да поднесат барање и да се сервисираат истите компресори. Повторно се случи истиот проблем, значи без да има никаква хаварија во системот, едноставно се појавува лоша миризба поради што веднаш реагиравме и ги повикавме повторно независните институции. Спроведоа испитување, зошто во Македонија нема лиценцирана лабараторија која може да даде дозвола или уверение кое ќе послужи во јавноста за квалитетот на испорачаните гасови, побаравме странска компанија, и денеска се испратени мостри во Германија да се испитаат“, вели Демири.

Тој додава дека двете македонски лабаратории не е виден никаков недостаток во квалитетот, освен што има влага по што дале насока два пати дневно да се менуваат филтрите од компресорските станици.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави