Search
Search

Денес температура до 42 степени, ќе врне ли во Скопје?

Сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, прогнозира за денес Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Попладне во западните делови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 42 степена. Индексот на ултравиолетовото зрачење ќе биде 10.

Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне 40 степени.

АКТУЕЛНО