Search
Search

Денеска топло, но доаѓа есенско-зимско сценарио

Остануваме под влијание на стабилна и топла воздушна маса, па и утрешнот ден ни носи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а дневната од 22 до 29 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Информации од ова утро: 11.4.2024 год.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

2 Берово, 6 Скопје-Петровец, 7 Крива Паланка, Гевгелија, Битола, Демир Капија, 8 Штип, Велес, Охрид, Маврови Анови, Претор, 9 Кавадарци, Дебар, 10 Тетово, Дојран, Попова Шапка, Прилеп, Крушево, 11 Скопје-Зајчев Рид, 12 Куманово.

Температура на вода (измерена во 7:30)

Охридско Езеро 12.0,

Преспанско Езеро 10.5,

Дојранско Езеро 18.8.

 

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Покрај мене, и сите познати метеоролози од регионот се едногласни, од средината на овој месец, како и во втората половина од овој месец преку Атлантикот и потоа од северозападна Европа кон нашите краишта ќе дојде до спуштање на значително поладен воздух кој ќе ги спушти температурите за повеќе од 10 степени, и од рано-летни тие ќе се претворат во есенско-зимски.

Се поизвесно е есенско-зимско сценарио следната седмица кај нас на Балканот. Покрај обилните врнежи од дожд следната недела, очекуваме и обилни врнежи од снег на планините во регионот, а по се изгледа и кај нас во Македонија. На планините во регионот понекаде би можело да се формира снежна покривка со висина од 20 до 30 cм, понекаде таа би можела да биде со висина и од над 50 cм, секако ова важи за високите планински места во регионот. Поради падот на температурите, снежната граница понекаде во регионот би се спуштила и пониско (под 1000 метри). Можно е дури снежни врнежи да се појават и во градовите во регионот следната недела.

Покрај ова, следната седмица се поизвесна е појава и на утрински мразеви, кој секако особено лошо ќе се одразат врс веќе расцутените овошки.

АКТУЕЛНО