Дерала добитник на Наградата за солидарност за новинари од Југоисточна Европа

Германската Фондација Југоисточна Европа денеска  во германскиот Бунденстаг му ја додели  годишната награда за солидарност за новинари за 2024 година на нашиот колега Џабир Дерала.

Поздравни обраќања имаа Мануел Саразин, претседател на Асоцијацијата на Југоисточна Европа и Јосип Јуратовиќ, претседател на германско-југоисточна парламентарна група на Европа и заменик-претседател на Асосијацијата на Југоисточна Европа.

Јуратовиќ во својот говор се осврна на импресивната кариера на Дерала, велејќи “горд сум што можам да одржан говор денес во чест на една извонредна личност“.

Јосип Јуратовиќ, претседател на германско-југоисточна парламентарна група на Европа и заменик-претседател на Асосијацијата на Југоисточна Европа

„Со оглед на тоа што демократијата во голем дел за заснова на слобода на медиумите, корумпирани медиуми значи крај на демократијата. На некој начин, оттука, медиумската писменост е исто така борба за демократија. Еден од овие борци е Џабир Дерала, а јас лично имам чест да го одржам пофалниот говор на презентацијата на Наградата за солидарност на Асоцијацијата на југоисточна Европа за неговата исклучителна храбра посветеност на слободата на медиумите“, изјави Јуратовиќ на почетокот на своето обраќање.

Дерала во своето обраќање по приемот на наградата истакна дека оваа награда претставува неочекувано, но мошне потребно признание за работата и немилосрдните напори кои тој и неговите колеги ги вложуваат за да осигураат дека фактите преовладуваат над лагите-манипулациите-и-пропагандите.

„Ние го браниме правото да го искажеме нашето мислење и да ги откриваме вистинските приказни на дискриминираните и угнетените, дури и по цена на нашата благосостојба и безбедност. И да, стојам тука денес за да ја добијам оваа награда, но тоа го правам во име на моите колеги кои ги делат истите предизвици секој ден. Не би бил тука без нив. Им се заблагодарувам ним што го направија ова возможно’, изјави Дерала.

 

Наградата е воведена во 2020 година и се доделува само една за целиот регион на Југоисточна Европа. Дерала е петтиот добитник на оваа престижна награда, по Драган Бурсаќ, БиХ (2020), Уна Хајдари, Косово (2021), Ивана Гордиќ Перц, Србија (2022) и Пелин Ункер, Турција (2023).

Кој е Џабир Дерала?

Џабир Мемеди Дерала, борец за човек за човекови права, активист, писател, новинар и аналитичар за хибридна војна. Тој е еден од основачите и претседател на ЦИВИЛ од нејзиното формирање во 1999. Дерала води креативните иницијативи на организацијата и служи како главен координатор и продуцент на мултимедијални проекти, кампањи за подигање на свеста, фестивали, документарни филмови,вконференции и други проекти и настани. Дерала е главен уредник и придонесува како автор, аналитичар и колумнист во медиумската платформа на ЦИВИЛ.

Тој е член на Здружението на новинари на Северна Македонија од 1990 година и член на Амнести Интернешнл од 1994 година. Од 2008 година, Дерала и одговорен за мониторингот на изборните процеси во Северна Македонија, што го спроведува ЦИВИЛ.

Дополнително, Дерала и неговиот тим се специјализирани во неколку области, вклучително и контрола на оружјето (ЦИВИЛ е висок член на организацијата на IANSA), и спротивставување на дезинформациите и тактиките за хибридно војување во земјата и регионот на Западен Балкан.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави