Search
Search

Девојките и жените од Карпош бесплатно ќе вежбаат фитнес и самоодбрана

Од идната сабота (3. февруари) во спортската сала на основното училиште „Јан Амос Коменски“ во општина Карпош, полицискиот боречки клуб „Безбедност“ започнува со бесплатна обука за самоодбрана и фитнес, наменета за припадничките на понежниот пол кои живеат на територијата на Карпош.

– Оваа иницијатива ја подржаа советниците од Општина Карпош како дел од проектот „Фитнес и самоодбрана за девојки и жени“ во рамки на Програмата за еднакви можности меѓу мажите и жените. За реализација на овој проект, локалната самоуправа од својот буџет обезбеди финансиски средства во висина од 100.000 денари, информираа од локалната самоуправа.

Станува збор за десетмесечна обука која ќе трае до 30. ноември, а истата ќе се одржува двапати во неделата, односно во понеделник од 21:00 до 22:00 часот и во сабота од 12:00 до 13:00 часот.

– Преку обуката, учесничките ќе се стекнат со техники за самоодбрана од напад на вооружен и невооружен напаѓач, за задржување на контролата, како и техники за реагирање во различни ситуации. Овој проект има за цел да ја промовира родовата еднаквост и да го поттикне развојот на едукативни информации кои се поврзани со здравјето, виталноста и физичката култура кај жените и девојките, појаснуваат надлежните.

АКТУЕЛНО