Search
Search

До крајот на годината, можно e решение за дивата депонија кај патот Арачиново- Никуштак

Проблемот со депонијата во регионалниот пат Скопје-Куманово, во делот на патот Арачиново- Никуштак, и покрај многу апели,  жителите од околните населени места никако да престанат да фрлат отпад. Покрај ова тие и го палат ѓубре кое дополнително предизвикува проблем. Во моментот Јавното Комунално претпријатие  на Општина Липково кое е ангажирано за отпадот во оваа општина работи во ова депонија за да се одржи .

Валдета Рамадани, ВД директор на Јавното комунално претпријатие „Пиша“ – Општина Липково за Градска редакција вели дека депонијата се одржува редовно, се натрупа и се покрива со земја, ова се прави затоа што немаат право на дислокација на ѓубрето.

„Депонијата се одржува во континуитет, максимално со сите наши можности. За жал има  не одговорни лица кои го фрлат ѓубрето таму. Ние како претпријатие нон стоп го чистиме но тие секогаш ни прават проблеми  не само со ѓубрето кои го носат туку и ги палат„ рече  Валдета Рамадани, Вршител на дејност во Јавното комунално претпријатие „Пиша“ – Општина Липково.

Според неа се чека да заврши ова година изградбата на фабриката за рециклирање во Свети Николе и се надева дека ќе има крајно решение.

„Општина Липково спаѓа во северно-западниот регион со шест други општини, од Крива Паланка до Липково, и во овој регион е основано едно заедничко претпријатие за менаџирање на комуналниот отпад, но до почетокот на ова дејност за рециклирање во ниво на државата е ангажирана владата, поточно Министерството за животна средина . Според информациите кои ги имаме тие се во процедура на јавна набавка, а ние имаме допис од нив дека не смееме да направиме дислокација , и ние чекаме од нив одговор и да се основа претпријатие за рециклирање„  рече за градска редакција Рамадани.

Таа вели дека постојано се прават апели за да не се фрла ѓубрето во ова место но никој не слуша, имаше неколку предлози да се спречи ова појава, се размислуваше да се постави и бетонски ѕид за да несе овозможи фрлањето на отпад но не се реализраше. Според Рамадани решение ќе биде изградбата на фабриката за рециклирање во Свети Николе  која го гради Министерството за животна средина.

Н.Ш

АКТУЕЛНО