Search
Search

До петок треба се знае како Кривичен ќе постапи по жалбата на ОЈО Скопје за случајот со М-НАВ

Жалбата на Обвинителството по која ќе постапува Кривичниот суд следува откако судија на претходна постапка им определи мерки за претпазливост, а не притвор, како што бараше ОЈО Скопје, на четворицата осомничени за упадот во М-НАВ, меѓу кои е и Беким Незири, ексминистер и актуелен претседател на чаирскиот огранок на ДУИ.

До петок оваа недела треба да се знае одлуката на Кривичниот суд Скопје по однос на жалбата која Јавното обвинителство ја поднесе во врска со одлуката на Судот не го прифати барањето за притвор за четворицата осомничени во врска со упадот и насилството во М-НАВ.

Од Судот соопштија дека по добиените одговори на жалбата од одбраната, Кривичниот совет денеска оформил предмет, а одлуката ќе се донесе во рокот од 48 часа.

„Со оглед на барањето на странките во постапката, но пред сè заради доследно почитување на Законските одредби, судот во рокот од 48 часа ќе донесе соодветна одлука за што ќе ги информира странките и јавноста“информираат денеска од Кривичниот суд Скопје.

Жалбата на Обвинителството по која ќе постапува Кривичниот суд следува откако судија на претходна постапка им определи мерки за претпазливост, а не притвор, како што бараше ОЈО Скопје, на четворицата осомничени за упадот во М-НАВ, меѓу кои е и Беким Незири, ексминистер и актуелен претседател на чаирскиот огранок на ДУИ.

Во врска со останатите четворица осомничени за случајот кои во моментов се недостапни за органите на прогонот, од Кривичен велат дека до овој момент јавниот обвинител до Судот не доставил барање за определување мерки за други лица освен за четворицата за кои се одредени мерки за претпазливост.

АКТУЕЛНО