Почна изградбата на затворениот пазар во Драчево-Општина Кисела Вода
Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски за време на поставувањето на камен темелникот на пазарот во Драчево рече дека досегашниот објект кој до неодамна тука постоеше воопшто не ги задоволуваше стандардите и потребите на закупците и на купувачите.
„Состојбата посебно се влошуваше при секој дожд, при најмала временска неприлика, за што постојано добивавме поплаки и реакции кои беа и повеќе од оправдани. Уште во предизборието им ветив решение на моите сограѓани, а вредноста на мојот даден збор денес уште еднаш ја потврдуваме„
Своите земјоделски производи ќе можат да ги пласираат околу 150 пазарџии, што значи дека за првпат после 50 години нашите жители добиваат квалитетен простор за пазарење вели Ѓорѓиевски.
Пазарот е дополнет со 130-тина паркинг места кои ќе бидат достапни на покривот на овој нов затворен пазар.
НШ