Search
Search

Драган Теодосиев добитник на Наградата за најдобар млад музичар на Скопскиот џез фестивал

Наградата „Најдобар млад македонски џез музичар“, што традиционално ја доделува Скопскиот џез фестивал, оваа година ја освои Драган Теодосиев, џез тапанар, импровизатор и композитор.

Наградата на Теодосиев му беше врачена минатиот петок  пред самиот настап на неговиот состав Cobalt Code Unit на 42. Скопски џез фестивал.

Тој е присутен на македонската музичка сцена речиси две децении, а своето музичко образование го стекнал во средно музичко училиште и на одделот за џез музика на Факултетот за музичка уметност во Штип.

Од Скопскиот џез фестивал велат дека тој активно работи со голем број артисти и бендови како: Taxi Consilium, Svetlost + Odron Ritual Orchestra, Зарина Првасевда, Cobalt Code Unit, Shock Troopers и Дина Јашари, а соработувал и со Тони Китановски, Сашо Поповски, Јордан Костов и многу други. Бил дел и од театарската група „Мадам Фортуна” од Антверпен, Белгија. Редовно настапува кај нас, но и низ цела Европа. Го нарекуваат „најзафатениот (џез) музичар во Македонија”.

АКТУЕЛНО