ДУИ загуби мандат во „шестката“, конститутивната седница на собранието во вторник

По вчерашното прегалсување Европскиот фронт и Вреди се изедначија по бројот на освоени пратенички мандати и добија по 8 пратеници во ИЕ 6.

Коалицијата Вреди доби пратеник плус во идниот собраниски состав за сметка на Коалицијата предводена од ДУИ, која на изборите на 8 мај првично освои 9 пратенички мандати. Наместо заменик министерката за надворешни Фатмире Исаки од коалициската ДПА на Евроспкиот фронт, во пратеничкото столче ќе седне Имрлије Салиу-Фетаи од Вреди, која до пред две години работела во кабинетот на гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари. Со вчерашното прегалсување на седум избирачки места во 5 и 6 Изборна единица Колацијата предводена од ДУИ која остана со пратеник помалку се изедначи и по вкупниот број освоени пратенички мандати со Колацијата предводена од СДСМ. Од 19 освоени мандати ДУИ спадна на 18, исто колку што има и СДСМ, а Вреди сега ќе има 14 пратеници. Нема промени во бројот на освоени мандати кај ВМРО-ДПМНЕ – 58 и ЗНАМ и Левица кои остануваат со по 6 народни избраници.

По објававуавањто на конечните резулати од страна на ДИК веќе течат и роковоте за поднесување приговори. Иако како што информираат од таму досега нема приговри, од ДУИ најавија дека дека ќе поднесат, поради како што тврдат, низа нерегуларности во изборачкото место во Ларце. Остануваат на ставот дека не ги признаваат резултатите од прегласувањето.

Од Вреди, пак уште синоќа ги поздравија резултатите од прегалсувањето во седумите избирачки места.

Во меѓувреме собранискиот спикер Митревски веќе ја закажа конститутивната седница во вторник во 11 часот. Седницата може да трае најмногу три дена, а на неа ќе биде избрана Верификациона комисија која ќе ги верифициран мандатите на 120 пратеници, Комисија за прашања на изборите и именувањата и нов собраниски спиекр. Со седнциата ќе претседава најстарата пратеничка од новоизбраниот парламентарен состав – Мерита Колчи-Коџаџику која доаѓа од редовите на Вреди.

Во однос пак на дилемите чии пратеници ќе претседаваат со собраниските комсии кои и следуваат на опозцијата, согаласно изборните резултати и доколку ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ја формираат новата Влада ќе и припаднат на опозициската пратија која своила најмногу гласови – во сучајот Коалицијата предвдоена од СДСМ.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави