Пасошот на Иџет Мемети одземен, за Герогиев потврден притворот од 30 дена

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, донесе одлука за мерки за претпазливост за И.М., второосомничен во истрагата за Примање награда за противзаконито влијание. Оваа истрага веќе привлече значително внимание.

По денешното сослушување на осомничениот во присуство на неговиот адвокат и разгледување на доказите доставени од ОЈО ГОКК, судијата донесе одлука да го уважи предлогот. На И.М. му се определуваат мерки за претпазливост согласно член 146 став 1 точки 2 и 3. Овие мерки вклучуваат обврска осомничениот повремено да се јавува на назначено службено лице во судот, одземање на патна и друга исправа за напуштање на државата, како и забрана за издавање нови документи.

Мерките ќе важат до правосилноста на постапката, а странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд.

Со оваа одлука, судот испраќа јасна порака за сериозноста со која се третираат случаите на организиран криминал и корупција, истовремено гарантирајќи дека правдата ќе биде спроведена до крај.

Меџити денес пред новинарите рече:

-Денес дојдов на покана на судијата во предистражна постапка и се донесе решение за мерка за претпазливост, а друго не би сакал да зборувам. Мислам дека тоа е добра работа, за да во интерес на јавноста што побрзо органите да ја завршат работата, рече Мемети.

На новинарско прашање дали обвинителката му презентирала докази од предметот, тој негираше. А за тоа, како правобранител во два мандати, како се чувствува сега кога е осомничен.

-Ова како човек секако ме погодува. Но, не е добро да зборувам за работа која се тера по судски пат, но ве уверувам дека многу бргу ќе заврши и ќе се докаже ништо противзаконско не се правело, рече тој пред новинарите.

Мемети беше прашан и за релациите со Наке Георгиев.

-Сите ги знам и обвинители и судии, се дружам, разговараме, пиеме кафе. За предмети не сме разговарале, додаде тој

Кривичниот совет од одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапи по жалба на одбраната на осомничениот Н.Ѓ. изјавена против решение на судија на претходна постапка од 21.05.2024 година:

„Денеска, по барање на одбраната на осомничениот одржа јавна седница на која по произнесување на одбраната и обвинителот во однос на наводите во предлогот за определување мерка притвор донесе решение со кое жалбата на одбраната се одбива како неоснована и се потврдува решението на судија на претходна постапка со кое му се определува мерка притвор во траење од 30 дена, заради постоење на основите од чл. 165 ст. 1 т. 2 и 3 од ЗКП.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје“, се наведува во соопштението на Основниот кривичен суд Скопје.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави