Два ер трактори и еден хеликоптер од Турција гасат големи пожари на Серта и кај Ново село

Пожарот на планината Серта е активен на три локации, а тежок пожар има и во Ново село, во близина на границата со Бугарија на планината Огражден. За справуввање со пожарите стаса помош од Турција, хеликоптер и ер трактори, кои веќе гасат во Ново село, додека еден полициски хеликотер гаси на Серта, информира денеска директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

„Од копно гасат пожарникари, вработени во јавни комунални претпријатија, како и население. Покрај гасење од воздух, се обидуваме да пробиеме патишта. Тежок е теренот, има многу долови, карпести предели, има трње, гмушки, шума и сето тоаго отежнува движењето на терен, тешко е да се дојде до горливите точки“, информира Ангелов.

На помош во гасењето на пожарот на Серта и кај Ново село денеска има 103 припадници на македонската армија, како и луѓе од МВР.

Од ЦУК информираат и за неколку други активни пожари во државата.
„Пожарот што пред четири дена започна во атарот на с. Пепелиште, општина Неготино денеска влезе на територија на о. Штип. Интервенирано на делот во општина Штип со екипа на Шумаско стопанство од 1 теренско возило и 4 вработени и 83 припадници на АРСМ и непознат број од страна на Неготино кои продолжиле со гасење на пожарот. Во текот на денот патот Штип Неготино беше затворен за сообраќај во 19.50 часот. Пожарот е активен и ќе продолжи да се гаси во текот на денешниот ден. Гори мешана шума, смреки и сува трева , а загрозени се објекти во близина се патот Штип-Неготино, приватно ловиште „Лакавица – Патрик“, репетитори на мобилни оператори и имоти на граѓани“, велат во ЦУК.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави