Search
Search

Двајца македонски државјани евакуирани по земјотресот во Мароко

Министерството за надворешни работи изразува сочувство за жртвите од катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко со епицентар во провинцијата Ал Хауз, југозападно од Маракеш.

Tие информираат дека нашето Дипломатско конзуларно претставништва во Каиро, е во комуникација со надлежните институции во Мароко, за евентуални наши државјани во погодените региони и потреба за евакуација.

-Во нашето Дипломатско конзуларно претставништво во Каиро досега се пријавени само двајца наши државјани, кои се евакуирани и моментално се во камп во Маракеш, во добра состојба и утре вечер патуваат за Мадрид.Ги повикуваме сите државјани на Северна Македонија кои во моментот се наоѓаат во Мароко и имаат потреба од конзуларна асистенција, да се јават на дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +20 103 361 5542 и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732.

Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди Мароко се искачи на 820, соопшти Министерството за внатрешни работи на Мароко.

Најмалку 672 лица се повредени, од кои 205 тешко, во земјотресот со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала што на полноќ ги погоди планините на Високиот Атлас во Мароко

 

АКТУЕЛНО