Eдинствената преостаната прашума која ја имаат нашите соседи: Магично место недопрено од човечка рака, а за нејзината посета важат посебни правила

Планината Кучај ја крие единствената прашума во Србија. А со овој феномен, истокот на нашите соседи уште еднаш ја покажува својата посебност.

Овој посебен природен резерват со темна букова шума се наоѓа на 640 до 800 метри надморска височина и е скриен скапоцен камен сè уште непознат за голем број луѓе.

До Винатовача е многу тешко да се стигне. Од Деспотовац, преку Лисин по макадам, 15 километри до самиот центар на планината Кучај, а всушност тоа влијаело и овозможило природата да се зачува во сиот нејзин раскош.

 

Во близина е потокот Винатовац, притока на Ресава, кој со своето жуборење создава чувство на спокој и заедно со чврчорењето на птиците придонесува за чувството дека сте се телепортирале во некоја друга реалност.

За влез во овој резерват потребна е дозвола од Заводот за заштита на природата.

Овде буковите дрва растат повеќе од 350 години. Забрането е сечење дрвја. Берење растенија, па дури и поместување на паднатите стебла. Тоа е магично место недопрено од човечка рака.

@lepotesrbijee

Da li ste znali da i Srbija ima prašumu? #fy #fyp #foryou #foryoupage #lepotesrbije #srbija #priroda #nature #viral #viralvideo

♬ original sound – LepoteSrbije

 

Доколку го посетувате овој крај, задолжително посетете го манастирот Манасија, како и изворот на реката Грза или едноставно одвојте неколку дена и уживајте во Ртња, свратете до Ромулијана и другите неверојатни убавини кои се кријат таму.

 

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави