Search
Search

Едукативна бавна трка во Скопје – „Не е се во брзината“

Мото клубот „Вепар“ в недела, со почеток во 11 часот по шести пат ќе го организира настанот „Не е се во брзината!“.

Од мото клубот информираат дека главната точка на оваа манифестација е бавната трка од едуктивен карактер којa има за цел да ја подигне свеста на сите учесници во сообраќајот, особено мотоциклистите, укажувајќи на потенцијалната опасност од управување со голема брзина.

Трката ќе се одвива на плацот на мото клубот „Вепар“ и тоа во четири категории: мотоцикли до 50 цм3, мотоцикли од 51 до 500 цм3, мотоцикли од 501 цм3 до 1000 цм3 и мотоцикли поголеми од 1000 цм3. Ќе се одвива на начин на кој истовремено ќе се натпреваруваат по двајца учесници по систем на елиминација. Победникот продолжува со натпреварување. Победник е оној кој поспоро ќе стигне до целта.

При тоа, учесникот не смее да испадне од одбележаната траекторија, не смее да допре со нога на земја (со самото допирање се елиминира од трката) и учесникот кој последен ќе ја помине целта е победник

Попладнето, по завршување на трката, со почеток во 14 часот е предвидена и забавна програма со музика, скара, пивце и друѓба, а настанот се затвора во 19 часот.

Учеството е бесплатно.

АКТУЕЛНО