Ердоган победи во Чаир!

Фото Градска

Иако малку неочекувано, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги изгуби претседателските избори на гласачките места во Македонија, но сепак има свои фанови во Чаир, на улицата Серава.

Турската изборна комисија отвори пет гласачки места во Македонија и според податоците на државната агенција Анадолија резултати има од три. Според тие резултати кандидатот на опозицијата има голема предност – Кемал Киличдароглу освоил 52,84 отсто, а Ердоган 35.8. Трет е националистичкиот кандидат Синан Оган со 8,2 проценти.

Меѓу гласачите во Македонија има турски студенти кои учат на некои од универзитетите, потоа турски работници ангажирани на повеќе градежни зафати, како и помал број македонски државјани кои имаат и турски пасоши.

Интересно е што Киличдароглу излезе прв и на гласањето во Србија – 48,23 наспроти 45,42. Во Бугарија разликата е 69 наспроти 24 во корист на Киличдароглу. Во Грција е уште поголема – 75 наспроти 16.

Поврзани објави