Search
Search

Европската агенција за лекови не ги сака амстердамските „црвени фенери“ за сосед

Европската агенција за лекови (ЕМА) изрази „крајна загриженост“ поради планот на локалните власти во Амстердам за преселување на познатиот комплекс на „црвените фенери“ од квартот Де Вален на локација во јужните предградија на градот, во близина до седиштето на ЕМА.

Планот на амстердамската градоначалничка Фемке Халсема предвидува дислоцирање на „црвените фенери“ од централното градско подрачје со цел, како што најави, да „го ослободи“ Амстердам од имиџот на „град на гревот“, но и како реакција на поплаките на локалните жители за пораст на ситниот криминал и за „бучните“ туристи.

Според планот, јавните куќи од сегашната локација во квартот Де Вален треба да се преселат на булеварот „Европа“, на околу 800 метри од седиштето на Европската агенција за лекови (ЕМА).

На ваквата најава ЕМА соопшти дека е „крајно загрижена од влијанието на оваа одлука врз нејзиното опкружување“.

– Агенцијата ќе продолжи многу внимателно да го следи процесот на донесувањето на одлуката, соопшти ЕМА.

АКТУЕЛНО