Search
Search

Европскиот парламент ќе усвои резолуција за ситуацијата на Косово

Пратениците на пленарна седница во Европскиот парламент во Стразбур со 296 гласа го прифатија предлогот да се усвои резолуција за ситуацијата на Косово. „Сите знаеме што се случи на север и мислиме дека е важно да се усвои резолуцијата за две недели“, рече пратеникот Тонино Пицула, предлагач во име на парламентарната група на социјалистите и демократите, пренесува EWB.

Седницата на која ќе се расправа за резолуцијата ќе се одржи за две недели.

Потсетуваме, во вторник, на 3 октомври, Европскиот парламент со Европската комисија и Европскиот совет ќе расправа за односите меѓу Белград и Приштина, по влошувањето на ситуацијата поради последните конфликти на северот на Косово.

„Високиот претставник на ЕУ остро го осуди нападот на вооружена група врз косовските полицајци на северот на Косово во неделата на 24 септември, во кој беа убиени еден полицаец и тројца напаѓачи“, се вели во соопштението на ЕП.

Европскиот парламент потсетува дека во двата извештаи кои беа усвоени во мај, пратениците „ги повикаа Србија и Косово да се вклучат во дијалог под покровителство на ЕУ и без одлагање да обезбедат постигнување сеопфатен, правно обврзувачки договор за нормализација на односите. , врз основа на принципот на меѓусебно признавање“.

АКТУЕЛНО