Филипче: Мора да знаеме од каде доаѓаме, за да знаеме каде одиме

СДСМ ќе има нови лица, но ќе ги вратиме и искусните членови на партијата, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче во гостување на Телма.

,,Мора да знаеме од каде доаѓаме, за да знаеме каде одиме. Потребни се нови и свежи лица, но исто така се потребни и искусни социјадемократи кои ќе се вклучат во креирање на политиките. Оној кој мисли дека треба сите да си одат и да се заборават на сметка на само нови луѓе воопшто не разбира како функционираат партиите како организации”-рече Филипче.

Новиот лидер на СДСМ истакна дека на партијата и претстои процес во кој ќе бидат вклучени што поголем број на членови коишто ќе сакаат да учествуваат во градењето на политиките на СДСМ. Како што истакна нема да дозволи партијата да се води од нечии лични интереси и секој еден член ќе може да учествува во креирањето на политиките.

,,Тоа ќе биде почетокот на обединувањето, враќањето на луѓето коишто нè напуштија или останаа дома или гласаа за други политички субјекти”- истакна Филипче.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави