Search
Search

Финансиската полиција в понеделник влегува во Град Скопје

Финансиската полиција в понеделник влегува во Град Скопје за да провери колку и како се потрошени пари од градскиот буџет за новогодишното украсување на градот.

Градоначалничката Данела Арсовска вели дека за украсувањето се потрошени 30.000 евра, а нема објавено тендер, ниту јавен повик.

Во меѓувреме градоначалничката Арсовска реагираше на реакциите за украсувањето на градот за празниците и иницијативата за референдум за смена на градоначалници на АДП. Таа вели дека иницијативата е крајно несериозна и законите немаат ретроактивна примена.

АКТУЕЛНО