Search
Search

ФОТО – Што се случи со 3Д пешачките премини во Скопје?

Во борбата за подобрување на безбедноста во сообраќајот и смалување на брзината на возилата, градовите во светот внесуваат иновации. 3Д пешачките премини стануваат популарен инструмент кој служи како напомена за возачите да се движат со поголема внимателност и да почитуваат прописите за сообраќај.

Овие необични пешачки премини создаваат илузија за тродимензионални препреки на патот, подигнувајќи свеста кај возачите и способноста да се намали ризикот од несреќи.

Во 2018 годин, ЈП “Улици и патишта” започна пилот-проект за имплементација на тридимензионални пешачки премини на улиците “Самоилова” “ кај Музејот на современа уметност и “Борис Сарафов” во населбата Ѓорче Петров.

Оваа иновативна идеја беше внесена за подобрување на безбедноста во сообраќајот и подигнување на свеста кај возачите. Илустративно вака изгледаа 3Д пешашките премини.

Сепак, сегашната состојба на овие тридимензионални пешачки премини не е задоволителна и се наоѓа во незавидна состојба.

Фото – Соња Танеска

Градска.мк упати прашања до претпријатието ЈП “Улици и патишта” која го започна овој пилот-проект дали проектот бил успешен и доколку е така, на кои други локации поставиле вакви пешачки премини. Досега не добивме одговор.

Исланд првата европска земја со 3Д пешачки премини

3Д пешачките премини за прв пат во Европа се распоредени во малиот исландски град Исафјордур во 2017 година. Инспирацијата за Исафјордур дојде од Индија, каде што Шакунтала Пандја и нејзината ќерка Саумја Пандја Такар се здружија за да ги редизајнираат традиционалните пешачки премини во градот Ахмедабад.

Идејата зад иницијативите е јасна – да се создадат оптички илузии кои ги принудуваат возачите да ја забават брзината, намалувајќи го ризикот од сообраќајни несреќи со пешаци кои поминуваат низ патот – и успехот на социјалните мрежи за многу од овие иницијативи беше непосреден, што доведе до тоа неколку градови да ја копираат идеја и имплементација на сопствени верзии, од Мелбурн во Австралија и Крф во Грција до неколку градови во Белгија и Португалија.

Н. А.

АКТУЕЛНО