Search
Search

(ФОТО) Светскиот магазин „The Times“ два хрватски града ги смести на листата најдобри пролетни дестинации за посета, погледнете ги и останатите градови

„The Times“ состави листа на градови кои, како што напиша, се совршени за пролетен одмор.

На листата тој сместил и два хрватски градови – Ровињ (којшто се нашол на шестото место) и Загреб (којшто се нашол на деветтото место).

„Калдрмата во овој град ве потсетува на Дубровник, но со многу помалку метеж од таму. Најдобрата работа напролет во Ровињ е тоа што прошетките покрај крајбрежјето се прекрасни“, напиша „The Times“.

Од таму додале дека Ровињ има прекрасни истористи куќички и ресторани кои служат плодови од морето, свежи тестенини и тартуфи.

Загреб, пак, го опишале како „една од најзанемарените престолнини во Европа“.

„Овој град има топ којшто сѐ уште пука, секој ден напладне. Малиот, но препознатлив музеј ќе ве обземе со денови, а за почеток обидете се со Музејот на прекинати врски. Австроунгарската архитектура на градот ќе ви го привлече погледот додека шетате кон улицата каде може да најдете „craft“ пиво.

Загреб е исклучително пристапен, со хотели со пет ѕвезди под 120 фунти од вечер и автентични јадења како штрудли кои чинат околу пет фунти“, пишува во објавата.

Освен Ровињ и Загреб, на листата на „The Times“ се нашле и следните градови:

Голвеј (Ирска);

Келн (Германија);

Љубљана (Словенија);

Атина (Грција);

Будимпешта (Унгарија);

Гент (Белгија);

Фес (Мароко);

Мадрид (Шпанија);

Солун (Грција);

Краков (Полска);

Лион (Франција);

Стокхолм (Шведска);

Валета (Малта);

Лече (Италија);

Цирих (Швајцарија);

Амстердам (Холандија);

Палма де Мајорка (Шпанија);

Палермо (Италија);

Ница (Франција);

Истанбул (Турција);

Марсеј (Франција);

Пафос (Кипар). /Точка/

 

 

АКТУЕЛНО