Фото Филип Рос

ГАЛЕРИЈА: ФОНТАНИТЕ ВО СКОПЈЕ СУВИ – За туристите неубава слика

Главниот град во овој период од годината е полн со туристи. Странците најчесто го шетаат централното градско подрачје во Скопје.

Доколку минувате низ центарот на градот ќе забележите како туристите најмногу се фотографираат на фонтаните.

ЈП „Водовод и канализација “ годишно троши речиси 18 милиони денари за редовно одржување и поправка на фонтаните во централното градско подрачје. Обврската за одржувањето на овие фонтани уште пред неколку години, Град Скопје, во мандатот на градоначалникот Петре Шилегов, му ја префрли на јавното претпријатие.

Сопственик на фонтаните е Градот Скопје, а согласно Одлука на Советот на Градот, за нивното одржување дадена е обврска на ЈП “Водовод и канализација“. Таквата стекната надлежност покрај главниот фокус на претпријатието, обезбедување на квалитетна вода за пиење на скопјани, ја реализираме на тековно ниво. Годишниот трошок за редовно одржување, со вклучени поправки изнесува помалку од 18 милиони денари – велат од претпријатието.

Врз основа на градската одлука ЈП „Водовод и канализација“ е задолжено за одржување на 12 фонтани од централното градско подрачје. Освен фонтаната „Воин на коњ“ и подната фонтана на градскиот плоштад, во надлежност на претпријатието се и тие кај црквата „Света Богородица“, „Свети Ѓорѓија“, на плоштадот Филип Втори (Карпошово востание) и други.

 

 

 

 

 

 

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави