Search
Search

Генералниот секретар на Арсовска од 1 октомври ќе стане нов директор на Водовод

Од 1 октомври, ЈП „Водовод и канализација“ ќе добие нов директор. На местото на досегашниот прв човек Драган Илиевски ќе седне актуелниот генерален секретар на Град Скопје и десна рака на Данела Арсовска, Зоран Глигоров, неофицијално дознава „Фокус“.

Според  информациите, и во самата институција веќе на големо се зборува за неговото доаѓање, односно остануваат уште неколку денови за да ја заземе директорската позиција.

Глигоров по професија е економист и специјалност му е оданочувањето. Тој претходно работел во министерството за финансии во време кога премиер беше Никола Груевски.

Извор Фокус

Фото СДК

АКТУЕЛНО