Герасимовски: Општина Центар ја презема надлежноста врз салата „Работнички“

Општина Центар годинава ја презема надлежноста врз салата „Работнички“, а со тоа и обврските за нејзина реконструкција. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски вели дека за некое време КК „Работнички“ повторно ќе се врати на европската сцена.

– Претходно, за нашиот најтрофеен клуб, КК „Работнички“, обезбедивме стабилни спонзори – М ТЕЛ и „Видеолотарија касинос Австрија“, кои го враќаат на старите победнички патеки. КК „Работнички“ го намали долгот од 37 милиони на 5 милиони денари и, по 10 години, беше домаќин и организатор на ФИБА-купот. Општина Центар го субвенционира КК „Работнички“ со 25 милиони денари – вели Герасимовски.

Општина Центар има дадено финансиска поддршка од 3 милиони денари на спортски клубови и спортисти за 2022 и за 2023 година.

– Во насока на негување на спортот и спортските активности, Општина Центар ги организира спортските игри „Лига Центар“, во пет дисциплини: кошарка, ракомет, фудбал, одбојка и шах, а во рамките на Детската недела – и „Игри без граници“. Го организираме Меморијалниот турнир во кошарка, во чест на прерано згаснатиот живот на нашиот Лука Кртов, ученик од ООУ „Киро Глигоров“. Доделивме над 80 спортски стипендии на талентирани спортисти, додека со велосипедскиот клуб „Енерџи“ ги промовиравме спортските навики за да обезбедиме здрав физички и психички развој на нашите деца – нагласува Герасимовски.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави