Search
Search

Германија: четири дена работа во неделата – пет дена платени

Помалку работа за иста плата, повеќе среќа и поголема продуктивност – она што звучи како бајка, од почетокот на февруари ќе го тестираат 45 компании во Германија. Тие почнуваат со четиридневна работна недела.

Започнува во февруари: 45 компании и организации во Германија ќе воведат четиридневна работна недела за период од шест месеци. Вработените ја добиваат својата целосна плата, иако поминуваат значително помалку време во канцеларија (или работа од дома). Целата работа е иницирана од консултантската куќа Интрапренер, која работи со непрофитната организација 4 Day Week Global (4DWG).

Но, како тоа би требало да функционира, особено кога толку многу компании во Германија страдаат од недостиг на квалификувани работници? Зарем не би било подобро да се работи повеќе наместо помалку?

Застапниците на оваа идеја велат: Четиридневната недела би помогнала токму при недостиг од квалификувани работници, меѓу другото и затоа што ја зголемува продуктивноста на вработените. Аргументацијата гласи: Оние кои работат четири дена наместо пет се помотивирани и затоа се попродуктивни. Покрај тоа, ова може да доведе на работа луѓе кои не се подготвени да работат пет дена. Тоа би го намалило недостигот од квалификувани работници.

Четиридневната недела веќе е тестирана во пракса. Од 2019 година, организацијата 4DWG спроведува вакви пилот програми во Велика Британија, Јужноафриканската Република, Австралија, Ирска и САД, на пример. Учествуваа повеќе од 500 компании, велат од оваа невладина организација (НВО). Резултатите се чини дека ги потврдуваат надежите за позитивни ефекти.

За повеќе прочитајте на Дојче Веле

 

АКТУЕЛНО