Во Трст забележан феномен кој не е виден 25 години

Жителите на Трст беа сведоци на сцени какви што не беа видени 25 години. Над морското ниво се формираше тенок слој мраз.

Морскиот резерват Мирамар во Трст забележа феномен што не е забележан во Трст цели 25 години. Ова е нешто што почесто го доживувале генерациите од времето кога зимите биле постудени, но младите генерации речиси веќе не се запознаени со оваа појава. Тенок слој мраз се појави над морското ниво на поширокото подрачје на заливот Трст, пишува Приморски дневник, а пренесува Н1.

Сличен феномен, во нешто поголеми размери, се случил пред 25 години, на 25 јануари 1999 година. Тогаш регионот Трст бил зафатен од ниски температури кои достигнувале само неколку степени над нулата.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави