Search
Search

Гоу Грин-Скопје ги собра и достави првите младински барања со фокус на одржливиот транспорт за 2024

Здружението  Гоу Грин-Скопје информира дека лани прв пат беше отворен повикот (прашалникот) за прибирање младински барања за одржлив транспорт за 2024 година. Целта на овој прашалник е да се соберат што е можно повеќе предлози, кои ќе им бидат доставени на општините и градоначалниците. Прашалникот беше отворен за младите од јули до декември 2023 година.

Прашалникот беше наменет за лица на возраст од 15 до 29 години (како што е наведено во Законот за млади на РСМ) и во него тие дале конкретни барања/предлози  каде сакаат да ја видат промената во нивните општини

-Од собраните младински барања се избираат пет барања по општина. Секое барање коешто е доставено никако не е за потценување и да бидеме искрени малку ни е тешко кога треба да се издвојат најдобри пет. Првата селекција е преку избирање на оние кои содржат прецизни активности на точно определени локации. Бидејќи барањата треба успешно да бидат имплементирани, гледаме да се изберат најкорисните и најреалните кои понатака ќе придонесат за поодржлива општина. Барањата се селектираат според надлежностите што општините ги имаат, заедно со младинските претставници или младинските службеници за да може да биде што пореално реализирано наредната година, информираат од Гоу Грин.

Појаснуваат дека оваа година соработувале  и доставиле  младински барања до Град Скопје, Општина Куманово, Општина Гостивар и Општина Прилеп.

 

АКТУЕЛНО