Search
Search

Граѓанска акција во Скопје го потенцира проблемот со јавните тоалети

Во утринските часови на повеќе локации околу мостот „Гоце Делчев“ и во градскиот парк во Скопје, беа поставени знаци со натписи кој се однесуваат на недостатокот на јавни тоалети, горлив проблем со која се соочува граѓаните, а се во надлежност на управата на градот Скопје. За жал, јавните тоалети веќе со децении не се функционални и се без основни санитарни услови за користење.

Уметникот Озбек Ајваз, со оваа акција сака да го потенцира и актуелизира барањето и потребата на граѓаните на Скопје за решавање на овој проблем за која градот се чини не нуди никакво решение.

Оваа акција е реализирана во рамки на проектот „Артс Хаб“ , имплементиран од КСП Центар Јадро и финансиски поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.

Анкета на Градска: Кога природата те повикува стисни ги забите оти во Скопје има само два јавни тоалети!

АКТУЕЛНО