Search
Search

Граѓаните и „независни за Карпош“ спречија узурпација на детско игралиште во скопско Козле

Благодарение на брзата реакција на жителите во населбата Козле, вчера била спречена узурпација и уништување на спортското игралиште, непосредно до срeдното училиште Лазар Танев. Без документација и без знаење на општината со градежна механизација се обиделе да пробијат улица преку постеоечко спортско игралиште до училиштето иако веќе има постоечки пристап, информираат од граѓанската иницијатива „независни за Карпош“.

Општинските инспектори, според наши извори излегле на терен и не биле информирани за ваков вид градежни активности. Ќе провериме дали Град Скопје има намера да издаде дозвола и дали ова било самоволие на директорот од училиштето, велат од иницијативата, која има и двајца советници во Советот на Општина Карпош.

АКТУЕЛНО