Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ постојано се жалат, бидејќи не можат да се пофалат со некој суштински проект, вели Костадиновска-Стојчевска

Со помпезни ветувања дека ќе го регулираат животот на граѓаните веднаш штом ќе ја преземат локалната власт, градоначалниците на општините од редовите на ВМРО-ДПМНЕ победија на изборите во 2021 година.

Две години подоцна имаме само поплаки и малку реализирани проекти, каде градоначалниците освен критики за централната власт имаат малку проекти.

„Тоа дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се жалат на централната власт е само изговор на нивната безидејност и неработење, и затоа што не можат да се пофалат со некој нивен суштински проект, рече на интервју министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска.

 

 

 

Министерката при својот говор рече дека мора да се напомене дека градоначалниците на СДСМ оставија консолидирани општини, консолидирани општински буџети „со што ги стави десет чекори напред градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за разлика што ние го начекавме во 2017 година“.

„Еве јас ќе кажам еден пример за мојата општина, општина Битола, во 2017 година беше блокирана општина. Имаше училишта со блокирани сметки, градинки со блокирани сметки , и делуваа во услови коишто беа испод секое ниво на образовни институции. Имаше јавни претпријатиа коишто немаа зголемени плати повеќе од 20 години, имаше јавни претпријатиа со блокирани сметки. И сето тоа го успеавме да  направиме за две години локална самоуправа, со тоа што се зголемуваа платите, продолжија да се зголемуваат вложувањата во инфраструктурните, било образовани или друго“, рече Костадиновска – Стојчевска.

Таа за општина Битола истакна дека секоја година, до пред две години се зголемуваа платите на вработените особено на јавните претпријатиа.

„Беше формирано и ново јавно претпријатие за паркинг но она што го видовме во последните две години е само зголемување на сметките на граѓаните“, кажа министерката.

Градска.мк пред извесно време напиша дека ако го отварате веб-сајтот на Општина Битола гордо се прикажувани богатата културна сцена на градот, но со оглед на нејзините инфраструктурни потреби, мнозина се прашуваат дали градот се фокусира прекумерно на културните настани на штета на конкретни инфраструктурни проекти.

Се забележува дека на сајтот на општината нема конкретни информации за завршените инфраструктурни проекти или нивниот напредок. Со поголемата потреба за подобрување на инфраструктурата во области како патиштата, водоснабдувањето и комуналните услуги, битолчани се прашуваат дали културните настани не го прекриле вниманието кон сериозни проблеми.

Додека тој најчесто го обвинува другите за неговите неуспеси, мнозинството од граѓаните се прашуваат дали неговата администрација е вистински виновна за неуспехот во исполнување на поставените цели.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави