„Градски паркинг“ ќе остане без паркиралиштето во Клинички?

ЈП „Градски паркинг“ би можел да остане без паркиралиштето на Клиничкиот центар, затоа што пред неколку месеци заврши договорот со кој Владата го даде на стопанисување на Град Скопје и јавното претпријатие во време на мандатот на поранешниот градоначалник Коце Трајановски.

Министерството за здравство побара да му се врати паркингот во кругот на Клиничкиот центар за стопанисување, користење, одржување и организирање, а од Владата потврдија дека до нив пристигнала информација со предлог-заклучоци.

Паркингот на Клинички има околу 800 паркинг места, а паркирање на возило за еден час чини 25 денари.

 

АКТУЕЛНО