Search
Search

Хаос во МКЦ: Нема кој да продава на шанк, пијачки носете си од дома

Вечерашниот настап на полскиот метал бенд „HATE“ во Младинскиот културен центар во Скопје ќе помине без продажба на пијалаци.

Откако новоназначениот директор на МКЦ, Бени Шаќири, не им ги продолжи договорите на 30-ина хонорарци, МКЦ се соочува со недостаток на кадар. Така, сега не работи бифето, а нема да работат ниту шанковите за издавање/надополнување картички и купување пијачки – бидејќи нема кој да стои од другата страна.

Вечерва од 20 часот во салата „25 Мај“ настап има полскиот метал бенд „HATE“, заедно со домашните „Demency“ и „Gargoyles“.

За жал, посетителите нема да можат да си купат пијачка внатре, па еден од организаторите им порача да си носат од дома за се напијат надвор. А за внатре, веројатно ќе може да внесат некоја пијачка, но ако е во пластична чаша.

Покрај вечерашниот настан, во МКЦ закажани се уште два периодов со карти што веќе се продаваат. Прво в петок, 8 март, концерт ќе одржи белградскиот андерграунд бенд „Artan Lili“, чиј настап скопската публика долго го чека. Имено, концертот требаше да се одржи есента, но беше одложен за март поради, како што тогаш наведе МКЦ, организациско/технички и логистички причини. Нивната забава в петок треба да ја збогатат скопјаните „Zanadu“.

Потоа на 20 март, сабота, 20 години постоење слави треш метал бендот „Hardfaced“ од Охрид, чија прослава со свој настап ќе ја збогатат гостите од Софија „Last Hope“ и скопските „YÖU“. /Кајгана/

 

АКТУЕЛНО