И денеска издадено метео предупредување: Попладне пороен дожд, грмежи, силен ветер и град

По вчерашните обилни врнежи од дожд и град на некои места, денеска се очекува ново невреме. Особено во попладнените часови каде што ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, а процесите во форма на невреме со интензивен пороен дожд. Ќа има и силен ветер и појава на град.

„Денес попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град“, стои во предупредувањето од УХМР.

Поради невремето дел од реките се над нивото на просекот.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави