Агенцијата за иселеништво

Иселенички литературни средби во Скопје

– Втор ден од Иселеничките литературни средби во организација на Агенцијата за иселеништво, кои вчера и денеска се одржуваат во Скопје. Во текот на вториот ден настанот ќе биде збогатен со обраќање на универзитетската професорка Кристина Николовска, директорка на „Меѓународниот семинар по македонски јазик и култура“ и предавања од страна на професори од Институтот по македонски јазик „Крсте Мисирков“ и Институтот за литература, информираат од Агенцијата за иселеништво.

Агенцијата за иселеништво

Во вечерните часови ќе посетат културно-историски знаменитости и ќе присуствуваат на целовечерниот концерт на АКУД „Мирче Ацев“.

Вчера, средбите почнаа со поздравен говор на директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски, кој истакна дека Агенцијата преку повеќе активности се грижи за чувањето на македонскиот јазик во иселеништво и тоа: преку печатење на книги на иселеници, преку промоции на дела, како и преку доделувањето на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга поезија во рамки на Струшките вечери на поезијата.

На Иселеничките литературни средби учествуваат поети од Австралија, Канада и од повеќе држави од Европа како: Р. Хрватска, Р. Србија, Швајцарија, Кралството Шведска и Р. Романија. Писателите ќе имаат можност да се самопромовираат, да ги презентираат своите дела, творби и да се запознаат и здружат меѓусебно за понатамошна соработка од областа на културата.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави