Search
Search
Фото/Градска редакција

Изграден пред повеќе од 40 години, никогаш никој не пливал во него. Има ли надеж за базенот во Чаир?

Почнал да се гради во 1976 година наводно завршил со градење во 1981 година, никогаш не беше пуштен за употреба, никогаш никој не пливал во него, нема ни име, ова е базенот во општина Чаир еден од првите изградени во Скопје.

Последните години пред изборно се ветило многу за евентуално ставање во функција но никако да се пушти во употреба.

Од градоначалникот на Чаир Висар Ганиу и сегашниот прв вицепремиер Артан Груби, пред караницата и пред изборно  еуфорично најавуваа пред граѓаните дека конечно Чаир ќе има базен, не еден туку два.

Фото/Градска редакција

Шест години од ова ветување ништо, еве како изгледа базенот кој до крајот на 2024 година според  ветувањата треба да се заврши со реновирањето и да се пушти во употреба.

Моментално во него се сместени канцеларии, се користи како магазин а некое време еден дел се користеше и како Мотел.

Фото/ Градска редакција

Во неколку наврати градоначалникот на општина Чаир беше прашан до каде се работите за овој базен, тој одговара дека таму има имотни правни спорови кои владата и судот треба да ги решат, па после да се почне со работа.

Општина Чаир на 11 мај 2021 објави дека за 2 недели почнува постапката за реновирање на  базенот.

Фото/Општина Чаир

„Договорот e постигнат, во рок од 2 недели започнува постапката за базенот во Топанско Поле. На денешната средба што градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу ја имаше со директорот на Агенцијата за млади и спорт, г. Наумче Мојсовски и заменик директорот г. Авни Рустеми се постигна договор во рок од 2 недели да се објави постапката за јавна набавка за изградба на базен во населбата Топанско Поле.

Во исто време, треба да се напомене дека базенот ќе има и фотоволтаични панели за енергетска ефикасност, со што ќе се намалат трошоците за електрична енергија за одржување на базенот до 80%.

Градоначалникот Ганиу им се заблагодари на директорот и заменик директорот за изразената подготвеност да ги конкретизираат чекорите кон реализација на проектот за базенот соопштија тогаш од општина Чаир.

Беше ветено дека е објавено постапка за набавка за изградба на друг базен во близина на основно училиште, која ќе се користеше од ученици.

За овој проект дури беа обезбедени околу 800 илјади евра  од владата преку Агенцијата за млади и спорт. Ниту од ова ни „Г„ од градежните работи.

Фото/Општина Чаир

Објавата на општина Чаир за базенот во ОУ  на 01 септември 2021:

„Изградбата на Базенот во Чаир станува реалност. Агенцијата за млади и спорт на Северна Македонија ја објави постапката за јавни набавки за изградба на базен во Општина Чаир. Овој базен исто така се планира да има фотоволтаични панели за енергетска ефикасност што ќе ги намали до 80% трошоците за електрична енергија за одржување на базенот„ Стоеше во нивното соопштение.

Н.Ш

АКТУЕЛНО