Како изгледа денес мега паркот во општина Чаир?

Во Мега паркот во општина Чаир се работи девет месеци, а сега е во состојба кој никој не сака да помине или па да се одмара во овој парк кој се протега на просторот на ул.Македонско Косовска Бригада од крстосницата со Втора Македонска бригада до крстосницата со Џон Кенеди на површина од 30.000 метри квадратни. Овој парк ни малку  не изгледа како што беше планиран.

Градска Редакција го посети паркот, новинарската екипа имаше проблеми и потешкотии за да направи неколку фотографии, a камоли да прошетаатграѓаните, бекатонските стази во паркот не се разликуваат од калта што се истурила од неуредените предвидени зелени површини,  реквизити во делот за деца уште нема, а старите се искршени, како обрачот кај кошаркарскиот терен, не е инсталирана ни мрежата за наводнување на паркот.

Фото/Градска редакција
Фото/Градска редакција
Фото/Градска редакција
Фото/Градска редакција

Мега паркот во Чаир од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и од градоначалникот на општина Чаир беше промовиран три пати а последно се промовираше на 13 март ова година каде беа ветено дека со програмата „За Модерно Скопје“ ја реализираат во целост, и никогаш нема да отстапат  од она што е ветено пред граѓаните, кои заслужуваат нови зелени и паркови површини.

Фото/ Град Скопје
Фото/ Град Скопје
Фото/ Град Скопје

Според првичниот проект мега паркот во Чаир кој ќе се протега на просторот на ул.Македонско Косовска Бригада од крстосницата со Втора Македонска бригада до крстосницата со Џон Кенеди на површина од 30.000 метри квадратни, ќе има 500 нови дрвја и садници, нова хидрантска мрежа и тревник, 2 нови спортски игралишта, 2 нови детски игралишта, 2 паркови површини за миленици.

Дополнително предвидено е изведба на фитнес дел, 26 нови летниковци, нови урбана опрема, пешачки патеки и фонтани, со што паркот ќе биде место кое ќе придонесе за подобар квалитет на животот, животната средина и ќе биде катче во кое жителите ќе имаат содржини за прошетка и рекреација во слободното време.

 

Н.Ш

АКТУЕЛНО