Search
Search

Израел бомбардираше болница во Газа, повеќе од 500 мртви

Палестинските власти соопштија дека израелските воздушни сили вечерва ја погодија болницата Ал-Ахли Араби во центарот на Газа.

Првичните проценки се дека меѓу 200 и 300 луѓе се убиени во нападот на болницата, изјави портпаролот на министерството за здравство во Газа, пренесува Гардијан.

Голем дел од поврдените се жени и деца, јавува Ал Џазира.

Болницата беше засолниште на семејства при континуираното израелско бомбардирање на Газа.

Ал Џазира јавува дека болницата била бомбардирана без претходно предупредување или сигнали дека немилиот настан би можел да се случи.

По првичните проценки дека бројот на загинати ја надминал бројката од 200 лица, палестинското министерство за здравство извести дека најмалку 500 луѓе загинале по израелското бомбардирање на баптистичката болница Ал-Ахли Араби во Газа сити.

АКТУЕЛНО