Search
Search

Изречени 433 санкции за брзо возење

Во сообраќајна контрола на полицијата  вчера на територијата на државата казнети се  433 возачи.Како што известуваат денеска од МВР, од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 247 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 186 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

АКТУЕЛНО