Search
Search

Кацарска: Немаме лускуз да не одржуваме добри односи со европските држави и соседите

„Како држава кандидат којашто долго време чека, го немаме луксузот да не ги одржуваме односите со државите членки или пак со оние држави членки коишто ни се соседи. Тоа апсолутно нема никому да помогне во контекст на европската интеграција“, рече директорката на Институтот за европска политика – ЕПИ, Симонида Кацарска во утринската програма на Слободен печат.

Таа додаде дека за нашата земја е важно комисијата низ директоратот да не гледа низ призмата на тие држави коишто потенцијално во наредните 7 до 10 години би имале капацитет да се носат со обврските од членството.

„Искуството од Европските интеграции покажало дека не треба комесарот да навива колку што самиот директорат треба да даде поддршка на државите коишто се во пристапувањето“, рече Кацарска.

Според неа, новиот состав на Европската комисија мора да се занимава со проширувањето и веќе во следната финансиска рамка на ЕУ да биде дискутирано тоа.

 

АКТУЕЛНО