Каде исчезнаа кулите „Џевахир скај сити“?

Неколку дена по ред Скопје е покриено со магла, а заедно со тоа и загадувањето, и е еден од најзагадените градови во Европа. Чад од оџаците на куќите, од мазутот на институциите и автомобилите. Решение нема, како што немаше ниедна од изминативе зими, но затоа има зборови. Утринава според фотографиите кои ги има Градска.мк, дури и највисоките кули во градот тие на Џевахир не се забележуваат и на мала одалеченост.

 

 

Има обвинувања меѓу градоначалниците за општините кои се предводени од едната или другата партија, која е со позагаден воздух, но реално Аеродром, Ѓорче Петров и Гази Баба со денови се гушат во пм-10 честички. 

Според СДСМ, вината е кај градоначалниците кои се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи како што вели Богданка Кузевска, во последните 2 години не е исполнето ниедно од ветувањата за почиста животна средина.

Скопје  утринава е меѓу 20 градови во светот по загаденост на воздухот на листата на платформата “IQ AIR“. Најзагадени градови во светот утрово беа Делхи во Индија, Дака во Бангладеш и Лахор во Пакистан. Во Европа освен Скопје, со просечно ниво на загаденост, на листата се Сараево, Загреб, Киев на 24 место и Софија на 37 покажува платформата IQ AIR што го мери квалитетот на воздухот.

С.Т.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави