Search
Search

Како една пасошка и царинска контрола ќе ги реши гужвите на границата кон Косово?

Министерството за внатрешни работи на Косово и нашата Амбасадата во Косово со овластување од МВР потпишаа договор за да се отпочнат процедурите за еден контролен граничен премин меѓу двете земји, ова го соопшти вчера министерот за внатрешни работи на Косово Џелал Свечла.

„Од денес, Р. Косово и Р.С. Македонија со една заедничка точка на граничните премин. Имајќи ги предвид пријателските односи, , засновани на вредностите на еднаквост и со цел зајакнување на регионалната соработка, денеска го потпишав договорот со кој ќе се овозможи воспоставување на заеднички гранични премини со Република Северна Македонија, „ Блаце“ и „Глобоќица-Јажинице“.Овој договор има за цел да ги поедностави процедурите и да го олесни движењето на луѓето и возилата. Отсега граѓаните ќе се легитимираат само на еден граничен премин„ вели во својата објава министерот за внатрешни работи на Косово Џелал Свечла.

Од друга страна Амбасадорот на Косово во Република Северна Македонија Флориан Чехаја за Радио Скопје- програма на албански јазик рече дека за сега само се потпишал договор, и од сега почнуваат процедури за да кон почетокот на другата година да се овозможи граѓаните да поминуваат граница со една пасошка и царинска контрола.

„ Со ова се очекува да се редуцира на голема мера, чекањето на граѓаните особено во летните сезони, кога и премините на границите се по засилени. Секако за да се постигне ова има уште неколку месеци , бидејќи треба да се извршат некои практични работи на терен, со поставување на кабините, инсталацијата на нови софтвери и обуките за граничните полицајци. Очекуваме договорот да стапи во сила кон почетокот на 2024 година„ рече амбасадорот Чехаја.

Според него со овој договор кој стана по активен последните месеци со посредништво на Амбасадата на Косово во Скопје , се очекува да се формира еден граничен премин тука, ќе има едно место за контрола на двајца полицајци, но контролата ќе се изврши од полицаецот зависно од која страна има влез, пример ако се влегува во Македонија контролата ќе го изврши македонски полицаец и обратно ако се влегува во Косово, контролата ќе го изврши косовски полицаец„

Н.Ш

АКТУЕЛНО