Search
Search
фото Назми Абдурахмани

Кој го „уби“ зелениот покрив на ГТЦ?

По неколкумесечна работа на Градот Скопје заедно со ГТЦ во рамки на меморандумот за соработка со УНДП во номеври се отвори паркот на дел од кровот на ГТЦ. На овој дел од ГТЦ на површина од 1.800 квадтатни метри поставени беа фонтани, зеленило, урбана опрема, шаховско поле. 

„Конечно го ставивме во употреба новиот квалитетен јавен простор на скопјани, простор кој полека ќе си го заземе своето место во т.н. „скопски приказни“, тука ќе се раѓаат убави спомени за нашите сограѓани“ изјави на отворањето тогашниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов.

До минатата година овој дел од ГТЦ беше во функција, дури и се одржуваа најразлични евенти, но оваа година граѓаните забележаа дека е оставен сам на себе и дека веќе го изгубил убавиот лик. Главната цел беше да биде катче кое ќе придонесе со своето зеленило во Центарот на Градот.

Сепак, денес зелениот покрив е запуштен, а фонтаните не функционираат. Речиси и да нема луѓе бидејќи и зелените површини се исушени.

Ниту од Град Скопје, ниту пак од ГТЦ не одговорија на прашањата на Градска.мк дали има пари за одржување на покривот и зошто истиот е уништен.

Како што може да се забележи и од фотографиите голем дел од зеленилото е исушено, шаховското поле е искршенено и оставено на забот на времето, а фонтаните се полни само од врнежите кои беа обилни во изминатиот период.

Зелениот кров на ГТЦ се простира на 1800 метри квадратни, а скопјани ги чинеше 550.000 евра.

 

С.Т.

 

 

 

 

 

АКТУЕЛНО