Search
Search
Фото/Социални мрежи

Комунална хигиена: 27 вработени кои протестирале вчера добиле отказ од работа

27 вработени во Комунална хигиена вчера се најдоа на листатата наводно составена од директорката на ова градско претпријатие Козана Мазнева.

Некои лица кои се на ова листа контактирани од Градска редакција велат дека ова е одмазда за организираниот протест.

„Што е ова, дали ние немаме право протест и да го искажеме нашето незадоволство. Ќе тераме  до крај ќе тужиме„ – вели еден од вработените кои се најде во ова листа која важи од 10.07.2023 година.

Листата е објавена веднаш после средбата на Извршниот одбор на синдикалната организација при „Комунална хигиена“ и СУТКОЗ, одржан во просториите на ССМ тие се договарале да вработените во ЈП „Комунална хигиена“ да се враќаат на работа.

Според некои од вработените на овој состанок се договарале и да нема бркање на ниту еден работник од работа.

Н.Ш

 

АКТУЕЛНО