Search
Search
ФОТО: Косовската претседателка Вјоса Османи од нејзинит ФБ профил

Косовската претседателка инаугурираше улица во Чаир

Косовската претседателка, Вјоса Османи денеска заедно со ќерката на поранешниот претседател на Косово Ибрахим Ругова, Теута Ругова и градоначалникот Висар Ганиу свечено ја отвори улицата „Ибрахим Ругова“ во Општина Чаир.

Станува збор за улицата каде што се наоѓа амбасадата на Албанија, поточно на поранешната улица „Славеј Планина“ во општина Чаир.

„Општина Чаир денеска го овековечи името на историскиот претседател, др. Ибрахим Ругова. Несомнено, ова улица што денеска го инаугурираме, заедно со градоначалникот на општината, Висар Ганиу, ќерката на претседателот Ругова и многу пријатели на нашата држава, ќе послужи како водич за работата и потсетување на историското наследство на претседателот Ругова„ напиша Османи на својот Фејсбук профил.

АКТУЕЛНО